Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКрим насликан на новите банкноти од 100 рубљи

Крим насликан на новите банкноти од 100 рубљи

Русија потенцира дека Крим е руска територија. Централната банка на Русија емитуваше банкнота од 100 рубљи (1,14 долар) со симболи на Крим.

На банкнотата се наоѓа замокот Ластовичко гнездо во близина на Јалта, еден од најпрепознатливите симболи на Крим и детали на познатиот руски сликар Иван Ајвазовски, пренесе агенцијата Тас. На жолтата банкнота се наоѓа и воден жиг со лик на царица Катарина Велика која го анектираше Крим во 1783 година.

Банката додава дека емитувала 20 милиони вакви банкноти, додека традиционалната банкнота од 100 рубљи ја красат симболи од московскиот Бољшој театар. Централната банка претходно пушти во промет паричка од 10 рубљи за да го одбележи враќањето на Крим во составот на Русија.