Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКремљ: Истанбул не ги послуша предупредувањата за терористи од Кавказ

Кремљ: Истанбул не ги послуша предупредувањата за терористи од Кавказ

Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, соошти дека терористичките напади на аеродромот Мустафа Ќемал Ататурк можеби се последица на игнорирањето на Истанбул на предупредувањата за терористи од Кавказот кои се кријат и оперираат во Турција.

istanbul aerodrom napad

„Од пред повеќе години, руската страна ги информираше нашите турски и европски колеги за лица осомничени за поврзаност со тероризам…, коишто наоѓаат засолништа во Турција и во многу други европски земји“, изјави портпаролот на Песков.

Во нападите загинаа 45 лица од кои 19 странци, а во неодамнешните акции на турските безбедносни служби се приведени 11 руски државјани и шестмина турски.