Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКражба во Свети Николе – маскиран разбојник ограбил бензиска пумпа

Кражба во Свети Николе – маскиран разбојник ограбил бензиска пумпа

Непознато маскирано лице извршило разбојнички напад врз вработен на бензиска пумпа во Свети Николе, изјави портпаролот во СВР – Штип, Гордана Панајотова.

Разбојникот извадил пиштол и побарал од вработеното лице да му даде пари, со што му го одзел дневниот пазар од 6.180 денари. Веднаш по кражбата, лицето избегало. Полицијата работи на расчистување на случајот кој годинава е прв регистриран од ваков вид.