Кражба во куќа во Скопје
Тешка кражба била извшена во текот на вчерашниот ден во интервал од 12 до 17 часот во куќа во Скопје на улица „ Кавалска“ . Кражбата е извшена од непознат сторител кој влегол преку прозорот во куќата на сопстевникот С.М. (42).
Од куќата се украдени вкупно 200.000 денари, 800 евра, 20 швајцарски франци, два мобилни телефона и разновиден златен накит. Разбојникот со кражбата стекнал противправна имотна корист од околу 400.000 денари. Полицијата трага по засега непознатиот сторител.