HomeРЕФЛЕКТОРФилмКраткиот филм „Брат за еден ден“ со одличен прием на повеќе фестивали

Краткиот филм „Брат за еден ден“ со одличен прием на повеќе фестивали

Краткиот игран филм „Брат за еден ден“ на режисерот Стојан Вујичиќ во продукција на Лунар и Дрим Фектори, имаше успешна летна фестивалска сезона.

14459745_1127607667330267_724943641_n

Имено филмот летото го започна во селекцијата на Arroios film festival во Лисабон-Португалија, фестивалскиот пат го продолжи во официјалната селекција на Los Anglees cine fest – USA, пред само неколку дена беше дел од фестивалот Sila во Италија, за летниот фестивалски успех, да го заврши со премиера пред Битолската публика на фестивалот Браќа Манаки.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.

„Брат за еден ден“ е приказна од нашиот град, нашите улици, нашето маало. А, сепак може да се случи секаде. Едно сосема модерно тричлено семејство, во трка со време и пари посветува малку време на својата 7 годишна ќерка, Ања. Немаат ни време а, ни нерви да се објаснуваат со неа па затоа добива се што сака, само за тие „да си купат мир“. „Брат за еден ден“ – на прв поглед изгледа дека е приказна за различни националности.

14408732_1127607663996934_484157894_n

Главната улога ја толкуваат 7 годишните Леон Кемал и Моника Бошковиќ, заедно со актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски.

Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: Директорот на фотографија Димо Попов, сценографијата во филмот ја креираше , Костимограф е Раде Василев, автор на музиката е Оливер Димитров, снимател и дезајнер на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен Антов. Во моментов Стојан Вујичиќ го заврши својот нов краток филм Допир, а го подготвува својот игран филм СТЕЛА.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com