Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКралското семејство во страв од папараците

Кралското семејство во страв од папараците

Кралското семејство на Велика Британија повторно е загрижено за сопствената безбедност бидејќи папараците стануваат се поопасни во нивното следење, користат многу екстремни тактики на фотографирање и може да дојде до инцидент. Токму со брза потера на папараците дојде до сообраќајната несреќа во која принцезата Дајана го загуби животот. Сега, на мета на папараците се принцот Вилијам со неговата сопруга Кејт Мидлтон и синот Џорџ кој има само две години.

Голем број на списанија и публикации од Велика Британија и Европа не ги објавуваат екстремните и приватните фотографии од кралското семејство, но папараците упорно продолжуваат да ги вознемируваат и сликите ги пласираат на интернет или во странство.