HomeДЕНЕШНАРегионКралска свадба по 78 години: Се ожени единствениот албански принц Лека

Кралска свадба по 78 години: Се ожени единствениот албански принц Лека

Во главниот град на Албанија, Тирана, се одржа голема кралска свадба, што е прва на еден член на албанското кралско семејство по 78 години. Албанскиот принц Лека II, внук на албанскиот крал Ахмед Зогу, се венча со неговата избраничка Елиа Захарија. На церемонијата присуствуваа повеќе од 300 поканети гости, меѓу кои и голем број претставници од кралски семејства.

svadba-tirana1

Младиот принц има 34 години, израснал и се образувал во Јужна Африка. Пред да стане принц имал и политички ангажман во Албанија. Невестата, 33-годишната Захарија, е позната актерка во Албанија, која потекнува од уметничко семејство.

svadba-tirana3

Свадбата беше проследена од голем број медиуми од повеќе земји.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com