Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКралот на рестораните го забрани бакшишот

Кралот на рестораните го забрани бакшишот

Во Балканските земји оставањето на бакшиш не е општествено задолжително правило, но во Америка се смета дека келнерите и луѓето кои ве служат, без оглед од која област се мора да им оставите бакшиш приближно од 15 проценти со вредноста на сметката.

Тоа правило сака да го урне Дени Мајерс во неговите ресторани низ САД бидејќи смета дека послугата го добива целиот ќар, а во изминатите години и нивните дневници и плати значително пораснале за сметка на персоналот кој работи во кујната, како готвачите, мијачите и помошниците.

Со укинувањето на бакшишот ќе нема поделби внатре во ресторанот бидејќи келнерите секогаш ќе се бунат да го делат со кујнските работници. Наместо тоа ќе се подигнат цените на храната и пијалоците и вишокот кој и онака муштериите би го платите за бакшиш сега ќе се распредели за повисоки плати и дневници.

Па, „газди“ може да го погледнете овој предлог и да го подобрите стандардот на големиот број на луѓе кои работат во угостителската дејност без притоа да направите раздор меѓу вашиот персонал.