Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКралицата Елизабета го потпиша законот за Брегзит: Тереза Меј задолжена да го активира членот 50

Кралицата Елизабета го потпиша законот за Брегзит: Тереза Меј задолжена да го активира членот 50

Британската кралица Елизабета даде кралска согласност за почеток на процесот за истапување на Британија од ЕУ, со што е отворен пат премиерката Тереза Меј да започне службена постапка. Премиерката сега може да одлучи кога ќе биде активиран Член 50 од Лисабонскиот договор со што ќе се покренат двегодишни процеси за излез на Британија од ЕУ каде членува од 1973 година. Меј претходно најави дека тоа ќе се случи кон крајот на март како би се избеглано поклопување со неформалниот состанок на земјите на ЕУ кој се одржува наредната недела.

Во понеделникот двата дома на британскиот Парламент, на одвоени седници, го прифатија владиниот закон по неколку неделна дебата. Пратениците во Долниот дом мораа два пати да гласаат за законот, откако членовите на Горниот дом во два наврати усвојуваа два амандмани на законот со кој се бараа владини гаранции за задржување на сегашниот статус на државјаните на ЕУ на британска територија и за правото на Парламентот да стави вето на договорот што Владата ќе го постигне со ЕУ. На крајот, амандманите не влегоа во финалната верзија на законот којашто ја потпиша кралицата, затоа што беа отфрлени од Долниот дом.