Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКрајни услови и рокови за излез од кризата, потоа народот ќе ја земе власта

Крајни услови и рокови за излез од кризата, потоа народот ќе ја земе власта

Шарената револуција ги произнесе своите финални барања во однос на надминување на политичката криза. Тие побараа Уставниот суд да се произнесе по иницијатива за оценување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство и никако да не носи одлука за негово укинување. Посочија и дека нивните другари, демонстрантите кои се приведени итно да се ослободат и да запре притисокот за сузбивање на движењето.

protesti vlada govor (1)

„Шарените“ упатија и силни критики кон како што го нарекуваат криминалниот режим на власт и повлекување на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за формирање на нова преодна влада која ќе ја извади земјата од кризата и ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

protesti vlada 06 (3) (2)

Исто така побараа граѓанските движења да бидат вклучени во наредните преговори кои мора да се водат на територија на Република Македонија и да не им се дозволи повторно на четири лидери на политичките партии да донесат лоши договори и да ја продлабочат кризата. Едно од клучните барања е и формирање на кривично одделение во рамките на Основниот суд кое ќе решава по предмети од СЈО и бомбите.

protesti vlada 06 (2) (2)

Поставен е и рок до 18 јули кој ако биде прекршен „Шарените“ најавија дека народот ќе ја земе власта во свои раце. Во чест на петгодишнината од убиството на Мартин Нешковски беше одржан и едноминутен молк, а потсетија дека никогаш повеќе не смее да се дозволи залудно да згасне млад живот од страна на како што велат режимот.

protest probiv 06 (3) (1)

За наредните денови се најавени порадикални блокади на цело Скопје во 12 часот кои ќе започнат во среда со цел да се симболизира целосната блокада на општеството која ја наметна авторитарната власт.