Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКрајбрежната стража во Грција спаси 61 илегален мигрант

Крајбрежната стража во Грција спаси 61 илегален мигрант

Денеска во близина на Митилена, грчката крајбрежна стража спаси 61 илегален мигрант од морските водни површини.

Акцијата започнала кога грчките власти добиле сигнал за брод кој се наоѓа во опасност, по што траектот и крајбрежната стража нашле голем чамец со мигрнати во него, кој почнал да тоне. Помеѓу мигрантите имало и деца, но сите се надвор од животна опасност. Во меѓувреме, на пристаништетот во Пиреја пристигна ферибродот „Елефтериос Венизелос“ со вкупно 2.492 мигранти од Митилена.