Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмКрај на „Vampire diares“ после осмата сезона

Крај на „Vampire diares“ после осмата сезона

Омилената серија на љубителите на романтизираната вампирска сага „Vampire diares“, ќе се заврши после прикажувањето на осмата сезона, најави телевизиската мрежа „CW“. „Месечината и ѕвездите се израмнија еден мартовски ден кога ја добив понудата да ја толкувам улогата на Дејмон Салваторе во „Vampire diares“ “, изјави американскиот актер Ијан Сомерхолдер по повод вестите околу крајот на серијата.

„Оваа серија го збогати мојот живот повеќе од сите други работи кои ги имам работено во текот на кариерата. Благодарност до сите кои работеа на оваа серија и голема благодарност до армијата обожаватели шриум светот. Ова беше возбудливо патување“, соопшти Сомерхолдер.

Актерот Пол Весли, кој во серијата ја толкува улогата на вампирот Стефан Салваторе, исто така го искажа своето задоволство поради пружената прилика.

„Јас сум повеќе од благодарен за искуството кое го доживеав и лекциите кои ги научив работејќи со оваа екипа во изминатите седум години. И благодарам на екипата и на обожавателите низ целиот свет кои се причина поради која оваа серија стана светски хит“, изјави Весли.

Последната, осма сезона од вампирската серија, која има 16 епизоди, ќе започне да се прикажува од 21 октомври.