Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКрај на повеќегодишната криза, Турција и Израел објавија примирје

Крај на повеќегодишната криза, Турција и Израел објавија примирје

Израел и Турција објавија договор за примирје околу повторно приближување и обновување на дипломатските односи, со што и официјално ќе се заврши длабоката криза долга шест години. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Рим го пофали договорот за примирје, истакнувајќи дека има „стратешка важност“ и најави дека ќе помогне во воспоставување на стабилност на Блискиот Исток.

Тој исто така додаде дека договорот се занимава и со хуманитарните потреби во Газа и дека се води сметка и за безбедносните потреби на Израел, пренесуваат израелските медиуми. Турскиот премиер Бинали Јилдрим во исто време во Турција го објави договорот за мир, односно потврди дека Израел прифатил да плати 20 милиони долари на семејствата на починатите и повредените во акциите на израелската војска.