Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКрај на ерата на видео лентите и рекордерите

Крај на ерата на видео лентите и рекордерите

Јапонскиот бренд Funai Electric, кој е последниот што се уште произведува VCR видео рекордери најави крај на овој формат во текот на овој месец со што 40 годишната ера ќе биде завршена.

vcr

Употребата на „видеата“ како што ги нарекувавме во изминатата деценија е веќе заборавена, а само мал број на носталгичари се уште користат касети за преглед на филмови или видеа. VHS форматот беше доминантен се до појавата на DVD со што премотувањето на ленти повеќе не беше атрактивно.

video kaseti

За децата израснати во 90-тите ќе остане само носталгијата и за некогашните видеотеки од каде се изјамуваа најновите филмови, па време е за целосно прифаќање на дигиталните формати.

Извор: telefoni.mk