Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКрадец собрал пари и три пиштоли од стан во Скопје

Крадец собрал пари и три пиштоли од стан во Скопје

Провалник успеал да влезе во стан на улица Иван Анговски во сопственост на М.Н (36) и да украде 2000 евра, 3000 денари, како и три пиштоли, од кои два Валтери со калибар од 9 милиметри и еден Застава со калибар од 6.25 милиметри. Вкупната штета изнесува 450 илјади денари, па полицијата соопшти само дека работи на откривање на крадецот.