Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКрадец со пиштол ја ограбил обложувалницата „Златна копачка“ на Партизанска

Крадец со пиштол ја ограбил обложувалницата „Златна копачка“ на Партизанска

Непознато маскирано лице синоќа извршило грабеж во спортска обложувалница „Златна копачка“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информираше дека синоќа во 20,15 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ поточно во спортска обложувалница „Златна Копачка“, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработениот одзело поголема сума пари и истото избегало од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.