Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКрадец и влегол во соба, ја ограбил и нападнал

Крадец и влегол во соба, ја ограбил и нападнал

Невобичаен инцидент во Делчево откри полицијата откако крадец влегол во соба на 19 годишна девојка утрото околу 5.50 часот при што украл 1000 денари од нејзината чанта, како и мобилен телефон.

Девојката му се заканила дека ќе го пријави во полиција по што тој и удрил тупаница и избегал. Крадецот потоа е пронајден од страна на полициски службеници од Делчево и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.