Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКраделе од автомобил во движење, таргет жени со ташни

Краделе од автомобил во движење, таргет жени со ташни

МВР поднесе кривични пријави за тешки кражби на дрзок начин за двајца ограбувачи, од кои едниот е Д.Б на возраст од 36 години, а вториот осомничен е малолетен и се уште не е лоциран од полицијата. Најпрво Д.Б со второсомничениот се возел во автомобил „шкода фелиција“ и им се доближувале на жени за да им ги украдат ташните или торбите.

Д.Б. посегнувал од отворениот прозорец, а останатите три тешки кражби ги извршил на истиот начин но, сам со што вредните предмети го задржувал, а остатокот го фрлал во контејнер. Од една ограбена жена нашол и кредитна картичка која два пати ја искористил за вадење пари бидејќи на неа бил запишан ПИН бројот.

Кражбите ги вршеле на територија на Аеродром и Кисела Вода. На Д.Б му е изречена мерка притвор од 8 дена, а истрагата ја води Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција на МВР.