HomeФЕР ПЛЕЈТенисКрај на соработката меѓу Ѓоковиќ и Бекер?

Крај на соработката меѓу Ѓоковиќ и Бекер?

Најдобриот тенисер во светот би можел да стави крај на својата соработка со Борис Бекер, легендарниот германски тенисер. Новак Ѓоковиќ веќе наговести дека нема никакви планови за 2017 година кога станува збор за соработката со Борис Бекер, а германските медиуми денес и вчера шпекулираа дека тие двајца ќе ја прекинат соработката.

Германскиот експерт не е моментално со Новак во Шангај, туку со него е Марјан Вајда, чешки експерт. Договорот на Борис Бекер со Новак Ѓоковиќ истекува на крајот од оваа сезона, а како што пишуваат германските медиуми, соработката најверојатно нема да биде продолжена.

Наскоро очекуваме некој од нив двајцата да се изјасни по ова прашање. Инаку, Новак во повеќе наврати од 2014 година, кога започна да работи со Бекер, истакна дека тој многу му помогнал пред се на психолошки план и дека со него станал вистински шампион.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com