HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКрај на епизодата во Арсенал, Мертезакер се враќа дома!

Крај на епизодата во Арсенал, Мертезакер се враќа дома!

Капитенот на Арсенал речиси сигурно ќе ја заврши кариерата во својот поранешен клуб. Прашање е само во кој.

658931_640

Германските медиуми пренесуваат дека Хановер и Вердер се заинтересирани да го вратат високиот стопер во своите редови. Пер Мертезакер е роден во Хановер, се развиваше во помладите категории на истоимениот клуб и одигра три сезони во сениорската конкуренција.

Во тоа време стекна и статус на репрезентативец на Германија, а од репрезентацијата се повелече во 2014 година после освојувањето на Светското првенство. Во редовите на Вердер направи трансфер во 2006 година и таму помина четири години освојуваќи го германскиот куп за тоа време.

Мертезакер најави дека сигурно ќе го напушти Арсенал на крајот од сезоната кога му истекува и договорот со „Топџиите“. До сега нема запишано ниту еден настап за лондонскиот клуб оваа сезона поради проблеми со повреда на коленото која ја заработи уште во јули.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com