Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоѕиас се сретна со Попоски и Иванов: Името не беше дел од разговорите

Коѕиас се сретна со Попоски и Иванов: Името не беше дел од разговорите

Добрососедството во фокусот на разговорите на министрите за надворешни рбаоти на Грција и Макеоднија, Никос Коѕиас и Никола Попоски. Спорот за името меѓу двете земји не бил дел од разговорот. За проблемот со името, Попоски рече дека треба да се работи на создавање рамка што ќе ја смени перцепцијата во двете земји.

Коѕиас, потсети на ветото што го стави во Европската унија околу предлогот за воведување санкции кон Македонија, во екот на политичката криза годинава. Тој смета дека санкциите се контрапродуктивни.

„Ветото против казните на вашата земја го ставив бидејќи секогаш сум против казните, бидејќи народот ги гласа тие казни, а најглавно дека не треба ние да интервенираме во внатрешната работа на земјите од ЕУ и кандидатите-членки. Не зборувавме ниту за името. Рековме еднаш барем да зборуваме за нашата соработка“ – изјави Коѕиас.
kodzias sredba skopje
Министерот Попоски истакна дека интересите на двете страни, кои на почетокот беа во судир во однос на бегалската криза, сега се исти.

„Грција е многу важна земја за градење на стабилност и просперитет и најдобро е сами да си ја креираме иднината, да седнеме со Грција и да градиме што е можно повеќе мостови за соработка“ – рече Поповски.

Двајцата министри разговарале и за железничката линија од Битола до Лерин и за градење гасовод од Солун до Македонија.

Коѕиас се сретна и со премиерот Димитриев кој истакнал дека Македонија се залага за градење позитивна клима и пријателство со Грција и е подготвена да разговара за надминување на отворените разлики. На средбата, како што соопштуваат од Владата, Димитриев ја истакнал потребата од пронаоѓање сфери и области „што ќе придонесат за зближување на двете држави и за воспоставување билатерални соработки“.

„На двете земји потребни им се чекори кои ќе значат решенија за иднината, наместо решенија за минатото“, рекол Димитриев.