Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоѕиас и Нимиц утре во Брисел ќе разговараат за спорот за името со Македонија

Коѕиас и Нимиц утре во Брисел ќе разговараат за спорот за името со Македонија

Посредникот Метју Нимиц, Специјален пратеник на Генералниот секретар на ОН за преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре ќе се сретнат во Брисел.

Како што извести Канцеларијата на Нимиц, средбата е на барање на Грција. Според соопштението од ОН, целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок на преговорите за спорот за името.

Коѕиас во Брисел ќе учествува во Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој треба да се дискутира за примената на стратегијата на ЕУ за надворешната и безбедносната политика и миграциите, како и на други теми.