Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНА''Коза Ностра'' во печатено издание

''Коза Ностра'' во печатено издание

Сатиричнити вести кои ги читавте на порталот ”Коза Ностра” од вечерва и во печате издание. Магазинот можете да го најдете по трафиките во Скопје а од утре и низ цела Македонија, ќе излезе магазинот „Коза ностра“, како илинденски специјал.

Се работи за сатиричен магазин кој е продолжение на приказната за „Коза ностра“ како вебсајт, и како дел од весниците (прво „Фокус“, потоа „Слободен печат“). Магазинот ќе биде на 32 страници, по цена од 30 денари.

Еве што порачуваат издавачите:
„Нема поголем доказ за тоа дека странските служби и мрачните сили во државава не мируваат е излегувањето на магазинот „Коза ностра“ од печат. Специјалното илинденско издание на „Коза ностра“ веќе од вечерва може да го побарате во трафиките низ земјава. Станува збор за 32 страни сатира директно финансирана од црни фондови на ЕУ, НАТО, Русија, Кина, масонските ложи во светот, Грција (која и покрај тешката финансиска ситуација смогна сили да не помогне), Светска банка, ММФ, Субрата Рој, Гомора, Коза ностра-вистинска, Дирекцијата за развој на печат од Белизе, центрите за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, казината на Хан, како и на повеќе швајцарски банки.

И покрај сите овие големи пари, проектот е целосно зависен од вас, драгите наши читатели, без ваша помош „Коза ностра“ ни досега немаше успешно да работи против интересите на оваа држава.