Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоцијанчич: Важно е да се утврди одговорноста за 27 април и сите да се однесуваат одговорно

Коцијанчич: Важно е да се утврди одговорноста за 27 април и сите да се однесуваат одговорно

Важно е да се утврди одговорност за настаните во Собранието на 27 април и ги повикуваме сите партии да се однесуваат одговорно, вели во изјава за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролка на ЕУ.

Според неа, иако ЕУ не сака да коментира судски постапки или истраги, сепак очекува одговорно однесување од политичките партии.

– ЕУ не сака да коментира истраги што се во тек или судски постапки. Внимателно ги следиме случувањата и очекуваме сите партии да се однесуваат одговорно и во склад со законот. ЕУ и претходно ја нагласуваше важноста од утврдување одговорност за настаните на 27 април во Собранието – вели Коцијанчич.