Friday, Nov 24, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонКонцепт за iPhone 8 со два екрани и ласерска тастатура

Концепт за iPhone 8 со два екрани и ласерска тастатура

Чудно е малку што уште сега излегуваат шпекулации за iPhone 8. Со концептното видео Џермејн Смит се обидува прецизно да ги прогнозира дизајнот, перформансите и камерата. Ако е така како што претскажува, значи дека телефонот ќе биде подобар во секој поглед.

Џермејн навистина се потрудил со видеото – ги споредува претходните модели заедно со сето тоа што корисниците генерално го обожаваат кај дизајнот на iPhone. iPhone 8 би требало да има два екрана, со што ќе се сликаат квалитетни селфи фотографии и со задната камера.

Ќе се израдувате со податокот дека едниот 2К QuadHD дисплеј на уредот ви овозможува одлично искуство со што ќе може да фаќате многу детали, а вториот е со цел да не ја троши батеријата, нешто слично како случајот со YotaPhone.

Дизајнот ќе биде уште поубав, се разбира, со метална рамка, ќе има многу подобрувања во софтверот, ќе поседува технологија со безжично полнење и ласерска тастатура, за побрзо пишување и полесно користење. Се уште не е презентиран iPhone 6s, а не можеме да го замислиме ниту iPhone 7. Мора да признаеме дека Џермејн одлично го конципирал видеото, што мислите вие.

Извор: telefoni.mk