Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоце Трајановски не одговара на прашањата за разрешувањето на Атанасов

Коце Трајановски не одговара на прашањата за разрешувањето на Атанасов

Таткото на градот или како што во поново време го нарекуваат очувот на градот, Коце Трајановски повторно избегна да одговори на новинарското прашање за тоа дали го разрешил директорот на ЈП Водовод со непризнаена диплома, Александар Атанасов. Градоначалникот на Град Скопје на прес конференција на ЗЕЛС беше прашан дали го разрешил директорот, но Трајановски не ја удостои јавноста со одговор на ова важно прашање.

Незаконското поставување на Атанасов на директорско место без соодветно образование го објави СУТКОЗ, а во јавноста предизвика низа реакции. СУТКОЗ побара и доби потврда од Државниот инспекторат за труд. Пред оваа институција, синдикатот објави документ од министерството за образование и наука со истата констатација: директорот на Водовод нема диплома признаена во оваа држава.inspektorat za trud 1

Дел од вработените во јавното претпријатие се сомневаат дека Трајановски калкулира до истекот на мандатот на градоначалниците кога се би змарзнало, вклучително и смената на раководствата на јавните претпријатија. Мандатот на градоначалниците се уште е неизвесен, а Трајановски и по укажувањата на релевантните институции одбива да го разреши Атанасов кој според законската регулатива не може да биде директор на јавно претпријатие. Инаку, ова не е прво директирско место на Атанасов, претходно тој директорувал со Колска Велес.

Извор: Синдикалец