Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосовскиот парламент повторно се загуши во дим

Косовскиот парламент повторно се загуши во дим

Косовскиот парламент повторно се загуши во дим. Пратеник од опозицијата денеска фрли солзавец во парламентарната сала, што е втор таков инцидент за една недела, во знак на протест против договорот со Србија, постигнат со посредство на Европската унија.

Пратеничката Доника Када Бујупи од опозициската Алијанса за иднина на Косово активира солзавец, додека претседателот на парламентот се обиде да ја отвори седницата. Сите пратеници беа евакуирани.

Минатата недела граната со солзавец беше активирана од пратеникот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти, кој подоцна беше уапсен, но по масовен протест на опозицијата повторно ослободен. Претседателството на Собранието побараа построга контрола на влезот во зградата по овој инцидент, но изгледа дел од пратениците не ја помиинале контролата.