HomeДЕНЕШНАПолитикаКосовски „бомби“ го тресат ДУИ

Косовски „бомби“ го тресат ДУИ

По бомбите на опозициската СДСМ и косовски бомби ја тресат владејачката коалиција, овој пат албанскиот блок е на удар. СЈО, Јавното обвинителство и МВР најитно да поведат постапка за расветлување на последниот случај со објавените приватни разговори на фан страна на Фејсбук наречена Пронто.мк на кој наводно се слушаат гласовите на лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети – бараат од ДУИ.

Реакцијата на партијата на Ахмети доаѓа откако пред неколку дена на профилот беа објавени два приватни разговори на високите функционери од партијата кои ја зовреа социјалната мрежа. Ова барање велат особено се однесува на СЈО кое треба да го расветли незаконското прислушување, за да не се компромитира процесот. МВР го истражува случајот.

Пратеничката Мехмети преку својот фб профил реагираше дека разговорите не се автентични и се монтирани а гласот е на друга женска личност.

„Решив да кажам неколку зборови за нападот, затоа што се чини дека тие продолжуваат. Прво, трендот е јасен, со користење на методи на уредување програми, Ермира Мехмети стана синоним за морална изопаченост на нашето општество. Не е изненадувачки, во машко општество, каде владеат патријархатот и логиката на племенските општества. Таму мажот го има последниот збор, а Ермира е пречка која мора да се елиминира…” – пишува Мехмети меѓу другото на Facebook.

Портпаролот на СДСМ Шилегов рече дека нарачаните текстови по курирски медиуми и пуштање прислушувани разговори по косовски медиуми се очигледно масло на ВМРО-ДПМНЕ. Сите разговори од „Вистината за Македонија“ што ги поседуваше СДСМ, рече Шилегов се во Специјалното јавно обвинителство. На изјавата на Шилегов реагираше ВМРО ДПМНЕ. Оттаму велат дека зад новите разговори стои СДСМ преку Закир Бекири Чауш.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com