Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосовската полиција уапси тројца потенцијални припадници на ИСИС

Косовската полиција уапси тројца потенцијални припадници на ИСИС

Косовската полиција објави дека притворила тројца цивили кои се под сомнеж дека се вмешани во кривично дело за кои не е појаснета неговата суштина, но, извори од полицијата тврдат дека се работи за осомничени терористи.

Потпаролот на косовската полиција Баки Келани изјави дека три лица се уапсени утрово на патот Приштина-Гњилане.

„Косовската полиција уапси три лица осомничени за вмешаност во одредени дела за кои моментално нема да дадеме дополнителни информации. Осомничените поседуваат две возила, црвен „Голф 2“ и „Пасат“, исто така со црвена боја, изјави Келани. Осомничените, како што рече тој, се однесени во полициска станица на испрашување, додека возилата се запленети.