Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосовска битка за УНЕСКО

Косовска битка за УНЕСКО

Белград и Приштина ќе водат нова дипломатска битка, овој пат за апликацијата на Косово за членство во УНЕСКО меѓународната организација на ОН за наука, образование и култура. Според дипломатите во Белград ќе биде направено се што е во нивна моќ за да го блокираат членството на Косово кое според нив ќе биде спротивно на резолуцијата 1244 донесена од Советот на безбедност.

belgrad pristina

Белград истакнува дека Србија стана дел од УНЕСКО во 2004-тата и успеа да заштити четири вредни манастири на Космет како значајно историско наследство, но во големите судири две години потоа на Косово беа запалени многу цркви и верски објекти, па затоа се води процедура за ставање на листата на објекти под закана.

Доколку Косово успеe да влезе во УНЕСКО тоа ќе биде голема дипломатска победа и еден чекор поблиску до статусот на независна држава, слично како што Палестина пред две години го победи Израел.