Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосово треба да исполни уште критериуми за да добие визна либерализација

Косово треба да исполни уште критериуми за да добие визна либерализација

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, смета дека Косово досега направило напредок и ги исполнило критериумите дадени од ЕУ,но сепак тие не се доволни за да добие визна либерализација.

Ова,како што пишува елекронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ тој го изнел на Пленарна седница на Парламентот на Европската унија. „Треба да се исполнат уште осум критериуми. Косово работи силно во исполнувањето на критериумите и се надеваме дека нив ќе ги исполни. Треба уште да се работи“, изјавил Хан.