HomeДЕНЕШНАРегионКосово стана дел од Парламентарното собрание на Советот на Европа

Косово стана дел од Парламентарното собрание на Советот на Европа

Косово од први јануари 2017 година, ќе учествува на седниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа со тричлена делегација, по еден претстаник на власта, опозицијата и малцинствата.

„Одлуката е донесена денескасо мнозинство гласови за време на сесијата на Парлементарното собрание на Советот на Европа“, стои во соопштението на прес-службата на косовското Собрание, кое во Стразбур испрати делегација составена од потпретседателите Џавит Халити и Аида Дргути.

Според оваа одлука, како што јавија косовските медиуми, Парламентот на Косово станува учесник на седниците на Комитетот за демократија каде се одлучува и за односите, односно резолуциите за Косово, со право да може да добие збор за време на седниците и зголемување на бројот на претставниците на косовскиот Парламент, кој до сега имаше двајца претстваници.

„Како резултат на парламентарната дипломатија, Косово успеа да се зачлени во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Ова е еден знак дека Косово оди напред со сигурни чекори во правец на интегрирањето во значајни меѓународни организации“, ја поздрави одлуката претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели на својот профил на Фејсбук.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com