Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосово не стана член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг

Косово не стана член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг

Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг, откако остана без поддршката на САД, како и Франција, Германија, Италија и Велика Британија, што во Приштина се толкува како прва изгубена дипломатска битка годинава, пишува денеска „Коха диторе“.

Овој неуспех доаѓа само два месеца по неуспехот да се зачлени во УНЕСКО, откако не успеа да ја обезбеди поддршката од сите земји кои ја признаа независноста на Косово, пренесува Танјуг. Барањето за членство во Меѓународниот арбитражен суд Косово го предаде на свеченост во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, а го потпиша вицепремиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи.