Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосово на чекор до УНЕСКО – Извршниот одбор го поддржа предлогот

Косово на чекор до УНЕСКО – Извршниот одбор го поддржа предлогот

Приштина на чекор до нова политичка победа. И покрај големите напори на Србија да го оспори приемот на непризнатата држава во УНЕСКО, Косово сепак ќе стане дел од меѓународната организација.

Извршниот одбор го поддржа предлогот на Германија, Албанија и Велика Британија за прием на Косово во организација, напиша потпретседателот на косовската Влада, Хашим Тачи на Твитер.

За предлогот позитивно се изјасниле 27 земји, 14 биле против и исто толку воздржани, напиша Тачи. Претставниците на Русија и Куба, со поддршка на Индонезија, се обиделе да го одложат изјаснувањето. Конечната одлука за тоа дали Косово ќе биде примено во организацијата ќе ја донесе Генералната конференција на УНЕСКО, која ќе биде одржана од 3 до 18 ноември.