Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосово ќе потпише Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ

Косово ќе потпише Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ

Косово ќе потпише Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Се очекува договорот да биде потпишан следната недела, со него ќе се отвори патот за приклучување на Косово кон Унијата, соопштија официјални извори во Брисел.

Тој чекор може да предизвика реакција на некои од членките на ЕУ, како Шпанија, Кипар, Романија, Грција и Словачка, кои не го признаа Косово, по неговото отцепување од Србија во 2008 година, како и реакција од Србија која константно го оспорува отцепувањето на Косово.

Во јули 2014 година Косово ги заврши преговорите со ЕУ по Договорот за стабилизација и асоцијација, како прв чекор на патот кон евентуално членство во Унијата, но документот од своја страна носи и економска корист. Изворите кои се запознати со ова прашање, изјавиле дека следната недела високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан ќе ја потпишат Спогодбата. Според нив, Договорот ќе стапи во сила следната година.