Wednesday, Jul 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионКосово ќе бара демаркација на границата со Србија

Косово ќе бара демаркација на границата со Србија

Kosovo-granica

Косовската министерка за дијалог со Србија, Едита Тахири рече дека Косово во идните разговори со Србија ќе побара да почне дискусија за „демаркација на граничната линија со Србија“. Тахири рече дека оваа недела на Косово ќе престојува висока делегација на ЕУ.

„Меѓу прашањата за кои сакаме да расправаме во оваа фаза, во 2016 година, е и демаркацијата меѓу Косово и Србија“, рече Тахири за приштинскиот портал kallxo.com.

Меѓу другите прашања за кои ќе се дискутира, според Тахири, е и расформирањето на паралелните структури на Србија на Косово, што е косовски предуслов за почеток на работата врз документите за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство.

Таа рече дека косовската страна се уште не добила официјална покана за средба на високо ниво на премиерите на Косово и на Србија Иса Мустафа и Александар Вучиќ во рамки на дијалогот Белград-Приштина, што се води во Брисел со посредство на ЕУ. Како можен датум за средбата се споменува 27 јануари.