Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосово избира претседател, опозицијата на протест

Косово избира претседател, опозицијата на протест

Во доста тензична атмосфера косовоскиот парламент на вонредна седница бира нов престедател.Кандидати се Хашим Тачи и Рафет Рама од демократската партија на Косово. Опозицијата незадволна повика на масовен собир за да се спречи изборот на Тачи и започна протести пред Парламентот.

Протестот започнал доста мирно но подоцна почнало да биде „жешко“, каде што попладнето бил приведен еден пратеникот Бали Мухареми кој активирал солзавец во собраниската сала. Потоа претседателот на Парламентот дал пауза од 10 минути поради димната бомба но, повеќе се задржале бидејќи димот останал подолго време.

Фатмир Лимај лидерот на Иницијатива за косово, им порача на пратениците дека ако гласаат за претседател на Косово, ќе бидат одговорни за продлабочување на кризата во земјата. Лимај истакна – „Ако сакаме да најдеме решение, ова е моментот. Нека дојде до нови избори и така нека се потврди легимитетот на оваа институција“.

Инаку,неколку пратеници од владејачкиот Демократски сојуз на Косово не ја поддржува Хашим Тачи. Арменд Земај и Дорутина Маљоку двајцата пратеници, јавно се изјаснија дека ќе гласаат против Тачи, додека тројца пратеници од таа партија воопшто не бил во салата, а исто така се изјасни и пратеникот Арбен Гаши дека ќе гласа против Тачи.