HomeДЕНЕШНАРегионКосово апси трговци на луѓе, осуммина приведени во три градови

Косово апси трговци на луѓе, осуммина приведени во три градови

kosovo-policija

Косовската полиција соопшти дека уапсила осум членови на криминална група, која се занимавала со нелегално пренесување на луѓе во западноевропските земји. Осуммината биле уапсени во три градови со помош на Европол и полициите на Унгарија, Хрватска, Словенија и Италија.

Полицијата тврди дека бандата илегално шверцувала 35 малолетни етнички Албанци, главно во Италија, а за извршената работа добивале околу 3.500 евра за човек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com