Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосоварите масовно се откажуваат од косовското државјанство

Косоварите масовно се откажуваат од косовското државјанство

Повеќе од 33 илјади косовски државјани се откажеле од своето државјанство по прогласувањето на незавиноста. Оваа го изјави во петокот преставничката на канцеларијата за односи со медиумите на косовското Министерство за внатрешни работи, Роксана Ќари.

Истакна дека само во периодот јануари – август годинава доставени биле повеќе од 3.600 барања за откаживање од косовско државјанство, од кои позитивни решенија од надлежната институција добиле нешто над 3.400 лица. Главна причина за откажување од државијанството на Косово е добивањето државјанство во една од земјите од Европската унија, каде што не е дозволено двојно државјанство, нагласи Ќари.