Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаКошаркарките од Србија се нови европски шампионки

Кошаркарките од Србија се нови европски шампионки

Женската кошаркарска репрезентација на Србија се закити со титулата европски шампион, откако во вчерашното финале во Будимпешта ја совладаа фаворизираната Франција со 76:68.

Французинките го започнаа натпреварот со водство и во првата четвртина имаа предност од 15:22, за потоа противникот до полувреме да се избори за резултат од 33:32. Во вториот дел од натпреварот Србија само ја одржуваше предноста и неизвесноста за да се стави точка на натпреварот.

Ова злато е прво за Србија, предходниот највисок пласман беше четвртата позиција остварена на предходниот Евробаскет.