Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКорупција, партизираност и невладеење на правото во Македонија

Корупција, партизираност и невладеење на правото во Македонија

Стејт департментот на САД во извештајот за човековите права во Македонија за 2014-та година забележува неколку проблеми во функционирање на системот и слабости во повеќе сектори. Според Вашингтон во Македонија власта не обезбедила доволно издвојување на партијата од државата, ограничена е слободата на медиумите, има мешање во судството, има корупција и непочитување на принципот на владеење на правото.

state department

Во кратката форма на извештајот исто така се наведува дека во судството има повеќе проблеми како селективно водење на судски процеси, фаворизирање на личности со поволен статус, бавни проседури, непочитување на правото на јавно судење, како и корупција на судските власти.

Во повредата на пошироките права и слободи издвоени се несоодветно постапување на полицијата при приведување, лош третман на затвореници, како и на штитеници во институции за ментално здравје. Во делот на дискриминацијата се наведува ниското ниво на толеранција кон ЛГБТ заедницита, дискриминација на Ромите и во некои случаи забрана за да ја напуштат границата и скратување на правото на барање азил.