Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКорнел се самоубил поради дејството на лековите!?

Корнел се самоубил поради дејството на лековите!?

Првичната истрага околу смртта на Крис Корнел покажа дека музичарот самиот си го одзел животот. Телото на 52-годишниот американски пејач во средата беше пронајдено во хотелска соба во Детроит.

Со отворено писмо до јавноста денеска се огласи и неговото семејство. Тие веруваат дека кога пејачот посегнал по својот живот, не знаел што прави и дека дрога или други супстанци влијаеле врз неговите акции.

– Без токсиколошките резилтати не може ништо да се тврди – пишува во писмото.

Семејството верува дека Крис земал поголеми дози од препишаното на „ативан“, неговиот препишан лек против анксиозност, кој може да предизвика параноја и суицидни мисли.

Во посебна изјава, сопругата на Крис, Вики Корнел изјави дека последниот пат кога се слушнале тој звучел чудно, по што и признал дека земал апче или две повеќе.

Таа вели дека тој бил грижлив сопруг и татко, кој ја користел секоја слободна прилика за да биде блиску до семејството. Го планирале и нивниот одмор.

– Тој беше мојот најдобар пријател. Тој премногу ги сакаше нашите деца за свесно да го направи ова – вели Вики.