Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКонцесионерите во Струга да се исчистат од плажите

Концесионерите во Струга да се исчистат од плажите

Општина Струга им наложи во рок од една недела на сите 11 концесионери на кои им истекува договорот да ги отстранат сите објекти на плажите и да ги вратат во првобитна состојба или во спротивно општината сама ќе ги дислоцира, а трошоците ќе паднат на нивни товар. Концесионерите се спротиставија на одлуката за која сметаат дека е неправедна и неповолна за туризмот бидејќи тие вложиле големи средства и бараат продолжување на договорите за уште три години.