Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОР  Концерти,изложби и литература на ,,Прилепско културно лето 2015''

  Концерти,изложби и литература на ,,Прилепско културно лето 2015''

 

 

Богата културна програма ова лето ќе имаат и прилепчани.  Со синоќешното поставување  на изложба на слики на Павле Кузманоски од Тетово во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, свечено започна Прилепското културно лето. На изложбата се претставени 23 дела на Кузманоски од циклусите Пријатели“, „Традиција“, „Искуство“, „Сведоци“ и „Автопортрети“.

Програмата за овогодинешното Прилепско културно лето кое ќе трае до 4 септември предвиддува е многу концерти,изложби и промоции на книги. Ќе се одржи и ликовната колонија Дрен (од 3 до 20 јули),  манифестацијата Балкански фолклор, а ќе биде промовирано и списанието „Стремеж“. Сите љубители на културата во сите нејзини видови и форми ќе имаат можност да уживаат во 30тина настани распоредени во текот на цело лето.