Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРКонцерт и изложба во Македонија по повод црногорската државност

Концерт и изложба во Македонија по повод црногорската државност

Пијанистот Бојан Мартиновиќ и виолинистот Миран Бегиќ од Црна Гора националниот празник на својата земја (13 јули) ќе го одбележат со концерт во Македонија.

Музичкото уживање ќе започне во 19 часот и 30 минути во Музеј на град Скопје. На овој ден нема да изостане ниту црногорска уметсност. Еден час подоцна ќе биде отворена изложбата ,,Врвот на орловиот камен” на уметницата Милена Мијовиќ Дурутовиќ

Концертот и изложбата се случуваат во рамките на фестивалот ,,Скопско лето”, истите се во организација на огранокот на Матица црногорска во Македонија и Дирекцијата за култура и уметност-Скопје