HomeДЕНЕШНАСветКонтрапуч: Ѓулен го обвини Ердоган за воениот удар

Контрапуч: Ѓулен го обвини Ердоган за воениот удар

Турскиот исламски проповедник, Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД и е обвинуван од Турција дека го организирал неуспешниот пуч на 15 јули, изјави дека во реалноста зад обидот стои претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Толку многу факти се изнесоа последно време дека тоа е надвор од сомневање, вели тој во интервју за ДПА, германскиот Цајт (Zeit.de) и шпанскиот Паис (ElPais.com) од комплексот крај Сејлерсберг, Пенсилванија, каде живее во доброволно прогонство од 1999 година.

Претходно овој месец турската влада официјално побара екстрадиција на 78-годишниот проповедник кој стана државен непријател број еден во Турција, потсетува ДПА. Според зборовите на Ѓулен, турскиот претседател го планирал превратот година претходно и сега се обидува да ја зацврсти својата власт.

Во интервјуто тој вели уште дека при приземјувањето на авионот во Истанбул во ноќта на 15 јули Ердоган се смеел, а на аеродромот објавил дека сè се случува според планот. Претседателот го нарекол обидот за преврат „дар од Бога“ и рекол дека Турција имала потреба од такво нешто, „за да може да биде над законот и да гони уште луѓе“, тврди уште Ѓулен од Пенсилванија. Началникот на Генералштабот и шефот на разузнавањето „знаеја сè што се случува“, вели Ѓулен.

Свештеникот вели дека побарал од меѓународна комисија од експерти на САД, Германија, Холандија и други земји да го истражуваат обидот за преврат и околностите околу него.
erdogan-gulen-1
Ѓулен не верува дека Турција наскоро ќе ги исполни барањата поставени од ЕУ, за да се приклучи кон неа. Според него, земјата треба да биде под закана со меѓународни санкции, за да го промени својот пат. Aгенцијата Ројтерс пак го цитира интервјуто на Ѓулен за италијанска Стампа, во која тој наведува дека европските лидери не презеле ефикасна акција за да се запре движењето на турската Влада кон авторитаризам.

– Зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Турција се апсолутно потребни за да бидат управувани бегалската криза и борбата против „Исламска држава“ долгорочно, вели Гулен.

– Ако тоа не се случи, Европа ризикува да се соочи со уште поголем проблем, со катастрофа.

Според исламскиот проповедник, европските лидери треба да поттикнат присоединувањето на Турција кон ЕУ, бидејќи тоа би ја засилија демократијата и почитувањето на човековите права. Во меѓувреме агенцијата Анадолија соопшти дека турските власти ја уапсиле денес внуката на Ѓулен во рамките на истрага на активностите на организацијата ФЕТО (Фетхулистичка терористичка организација).

Емине А. била приведена во градот Ердемит во западниот округот Баликешир при операција на полицијата во раните утрински часови.

Полицијата разгледа податоци од нејзиниот телефон и утврдила дека таа водела значаен дел од разговорите со претплатник во САД. Освен тоа од дома и се конфискувани повеќе слики и книги на Ѓулен, како и две банкноти од по еден долар. Според истражните органи овие банкноти се користат од страна на членовите на организацијата на Ѓулен за означување на хиерархијата, откако титулите и позицијата одговараат на комбинации од букви и бројки од сериските броеви на банкнотите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com