Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте решение за дефанзивната линија ќе бара во Бундеслигата!

Конте решение за дефанзивната линија ќе бара во Бундеслигата!

Шампионатот започна, а Челси и понатаму нема решение во одбраната. Покрај стопер, на Челси сега му е потребен и лев бек. Имено, Конте го врати Баба Рахман во Бундеслигата незадоволен од неговите дефанзивни квалитети. Африканецот заврши во Шалке, а Италијанецот остана само со Аспиликуета како опција на левата бековска позиција. Желба беше Асамоа од Јувентус, но поранешниот клуб нема да му го продаде репрезентативецот на Гана, па се сврте кон Рикардо Родригез.

Rikardo Rodrigez

Швајцарецот е на цена, многумина го сметаат за еден од најдобрите леви бекови во Европа, но Волфзбург до сега ладнокрвно одбиваше понуди за неговите услуги. Како што пренесуваат англиските медиуми, Челси испратил понуда од околу 30 милиони евра, но тешко е да се верува дека „Волците“ ќе се откажат од еден од своите клучни играчи десет дена пред крајот на трансфер периодот.