HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте пронајде идеално засилување за својата омилена формација!

Конте пронајде идеално засилување за својата омилена формација!

На мета на Челси се наоѓа крилниот фудбалер на Лацио Фелипе Андерсон, пренесуваат италијанските и англиските медиуми. Антонио Конте побарал од Абрамовиќ во јануари да му го донесе одличнуиот Бразилец кој во последно време игра крилен напаѓач во формација 3-5-2. Бразилецот е поливалентен фудбалер, може да биде и крило и во формација 4-2-3-1, но за Конте е најважно тоа што може да ја покрива десната страна во формации 3-4-3 или 3-5-2.

Сепак, Лацио ќе биде тврд преговарач, познато е дека со Клаудио Лотито не е лесно да се преговара, бидејќи минатото лето тој одби 50 милиони евра од Јунајтед за Бразилецот. Андерсон има договор со Лацио до 2020 година, но го промени својот менаџер и сега негов застапник е Киа Јорабчиан кој има блиска соработка со Челси, па останува да видиме што ќе се случи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com