HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте добива „пеколно“ засилување на клупата?

Конте добива „пеколно“ засилување на клупата?

Италијанецот би можел да му се придружи на својот сонародник од Челси. Џанфранко Зола би можел да се врати во Челси, овој пат на клупа, но не наместо туку до Конте. Според пишувањата на англиските медиуми, Зола не би имал ништо против да го заземе местото асистент на Конте бидејќи Стив Холанд би можел да го напушти стручниот штаб на Челси и да му се придружи на Герет Саутгејт на клупата на репрезентацијата.

„Сите знаат и прилично е познато дека еден би сакал да бидам менаџер на Челси, но исто така не би имал ништо против доколку ја добијам тренерската улога. Се уште не сум зборувал со Конте околу тоа, но драго ми е што гледам дека му оди добро и дека мојот клуб е во добри раце. Среќен сум поради Конте и се надевам дека ќе продолжи во ова темпо“, изјави Зола. Италијанецот во текот на својата тренерска кариера ги тренираше екипите на Вест Хем, Вотфорд, Каљари, а оваа година доби отказ од катарскиот клуб Ал Араби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com