HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте ја доведува ѕвездата на Парис Сен Жермен?!

Конте ја доведува ѕвездата на Парис Сен Жермен?!

Аргентинецот од редовите на парискиот клуб е несреќен, сака назад на Островот, а Конте има голема желба „да го врати дома“. Според пишувањата на англиските медиуми, Анхел Ди Марија е незадоволен во француската престолнина и сака да се врати назад во Премиер лигата. Тој наводно не се согласува со одлуката на управата во врска со доведувањето на новиот тренер Унај Емери. Сака назад во Англија и покрај лошата епизода која ја имаше во Јунајтед, а прв во ред џа неговиот потпис застана Челси.

Антонио Конте многу го цени крилниот фудбалер и би сакал да го има на располагање на „Стемфорд Бриџ“. Челси влезе во криза, после ремито со Свонси беа убедливо поразени во лондонското дерби со Арсенал, промени во одбраната се повеќе од потребни, а иако постигнуваа погодок на секој натпревар освен против „Топџиите“ очигледно е дека им е потребно и освежување во офанзивниот ред.

Се чини дека Ди Марија би бил идеално решение, но останува да видиме дали ПСЖ е расположен да го пушти и ако е за која цена би се остварил тој трансфер. Во прилог потсетување на настапите на Ди Марија во Премиер лигата, односно во дресот на Манчестер Јунајтед.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com